Search

ВМРО ДПМНЕ: Народот покажа дека не подлегнува на провокации

СДСМ да не уфрла полициски провокатори во протестите, народот покажа дека не подлегнува на провокации.

Залудни се обидите на СДСМ да прикаже насилност на протестите. Народот не е насилен, туку на мирен начин им покажува дека не го поддржува предлогот кој значи бугаризација, возвраќа опозициската ВМРО ДПМНЕ по прес-конференцијата на Дарко Каевски.
-Народот е освестен, и лагите и обидите за дестабилизација на СДСМ нема да поминат.
Ковачевски наместо да ги користи пратениците на СДСМ како гласачка машина за штетни предлози, да го одбие овој предлог и да прифати измени во истиот за заштита ма македонските национални интереси.

Треба да знаете
Последни објави