Search

Суперкупот за Динамо- на пенали го совлада Хајдук

Динамо Загреб го освои хрватскиот Суперкуп во дерби дуел против лутиот ривал Хајдук на дуелот одигран на „Максимир“.

„Модрите“ се покажаа како подобри пеналџии откако натпреварот заврши без голови во регуларните 90 минути. Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми беше стартер за Динамо и ја носеше капитенската лента, но играше до 78.минута. Вториот наш репрезентативец во таборот на хрватскиот шампион Стефан Ристовски го преседе цел дуел на клупата исто како и Јани Атанасов кај Хајдук.

Во пенал-рулетот, Динао славеше со 4-1, бидејќи сите кои шутираа од белата точка погодија, додека кај тимот од Сплит прецизен беше само Марко Ливаја во првата серија.

Треба да знаете
Последни објави