Search

Голем пожар во Пула, дел од градот остана без струја

Големиот пожар што избувна денеска околу 14 часот во месноста Валдебек, недалеку од Пула, е ставен под контрола и се очекува наскоро да биде локализиран, потврди командирот на противпожарната служба во Пула, Ивица Ројниќ

Пожарот зафатил и една трафостаница, по што пола град остана без струја. Оганот зафати и повеќе автомобили, а во блиските населени места беше наредена евакуација.

„Топете ги со вода дворовите, а доколку оганот е блиску до вас, евакуирајте се“, стои во соопштението на противпожарната бригада.

За среќа во пожарот не е зафатена ниту една станбена зграда, изгорени се само помошни објекти.

Изгореа околу 30 хектари шума, изгореа и неколку возила, а на терен беа 70 пожарникари.

Брзата помош не морала да интервенира.

Треба да знаете
Последни објави