Search

Погба слета во Торино: Не можам да дочекам пак да го облечам дресот на Јуве

Откако го комплетираше ангажманот на Ахнел Ди Марија, во редовите на Јувентус пристигнува и Пол Погба. Она што беше најавувано од медиумите, денеска доби и потврда откако од Јувентус објавија видео од пристигнувањето на Погба во Торино.

Француската ѕвезда после шест години се врати во Торино, од каде замина како најскап фудбалер на светот за 105 милиони евра во Манчестер јунајтед.

Шест години после настапите за „црвените ѓаволи“, Погба се враќа во клубот каде го играше најдобриот фудбал.

Стотици навивачи го пречекаа Погба денеска, па сега следуваат лекарските прегледи и официјалната промоција.

„Не можам да дочекам повторно да го облечема овој дрес на Јувентус. Едвај чекам“, рече Погба.

 

Треба да знаете
Последни објави