Search

Ново видео од атентатот: Првиот истрел го промашил, па Абе се завртел и го видел убиецот

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе(67) им подлегна на повредите во медицинската универзитетска болница Нара, откако денеска околу 11:30 часот по локално време бил застрелан за време на предизборен митинг.

Абе беше застрелан од Текуја Јамагами, поранешен припадник на јапонската морнарица, со импровизирна пушка-сачмарка што најверојатно сам ја направил.

Се појави ново видео од атентатот на кое јасно се гледа како е застрелан Абе, како се фаќа за гради и паѓа, а потоа камерата го снимила апсењето на убиецот. Очевидци тврдат дека Абе обилно крварел. Со хеликоптер бил пренесен во болница во свесна состојба, но срцето му откажало и не давал знаци на живот.

Јамагами и рекол на полицијата дека не е задоволен со поранешниот јапонски премиер и имал намера да го убие.

https://twitter.com/duska58hotmail1/status/1545430212472602624

Треба да знаете
Последни објави