Search

Мицотакис и Петков го отворија новиот гасовод што ги поврзува Грција и Бугарија

Премиерите на Грција и Бугарија денеска отворија нов гасовод ИГБ што ќе ги поврзува двете соседни земји. По овој гасовод ќе се транспортира природен гас од Азербејџан кон Бугарија,  која во април остан без доток, откако Москва одлучи да ги затвори славините.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјавил дека новата гасоводна врска претставува алтернативна линија на снабдување за Бугарија.

-Ова не е само гасовод, туку и енергетски мост во насока југ-север, изјавил Мицотакис.

Техничкиот премиер на Бугарија, Кирил Петков ја нагласил улогата на гасоводот во ставањето крај на рускиот монопол на гасот во неговата земја.

Гасоводот од североисточниот град Комотини до Стара Загора во централна Бугарија е долг 182 километри. Неговиот почетен капацитет ќе биде три милијарди кубни метри, со можност да се зголеми на пет милијарди кубни метри.

Се очекува дека гасот кон Бугарија ќе се пушти во текот на наредните недели.

Треба да знаете
Последни објави