Search

Европскиот парламент со резолуција побара Србија да го признае Косово

Европскиот парламент (ЕП) усвои резолуција во која се наведува дека конечниот договор меѓу Србија и Косово треба да се „заснова на заемно признавање“, пренесува Радио Слободна Европа. Ова е првпат во официјален документ на европска институција да се споменува меѓусебно признавање на Србија и Косово.

Пет земји-членки на Европската Унија не ја признаваат независноста на Косово, а ЕП е единствената институција што го третира Косово како држава. Резолуциите на ЕП инаку не се правно обврзувачки за земјите-членки на ЕУ.

За оваа резолуција гласаа 233 пратеници, 78 беа против, а 34 беа воздржани.

Со усвоената резолуција, европратениците ги повикуваат властите во Србија „да покажат вистинска посветеност на вредностите на ЕУ и да се усогласат со одлуките и позициите на ЕУ во надворешната политика и безбедносните политики, вклучително и санкциите против Русија“.

Белградските власти се потсетуваат дека напредокот во дијалогот за нормализација на односите со Косово ќе го одреди темпото на пристапните преговори.

ЕП во резулуцијата потсетува на почитување и целосно спроведување на сите претходни договори меѓу Белград и Приштина, вклучително и Заедницата на српските општини на Косово.

Треба да знаете
Последни објави