Search

Европската комисија и додели 11 милијарди евра на Бугарија

Европската комисија го одобри Договорот за партнерство со Бугарија во вредност од 11 милијарди евра за периодот 2021 – 2027 година. Заедно со средствата од Планот за закрепнување, во вредност од речиси 6 милијарди евра, Бугарија ќе има пристап до над 16 милијарди евра од ЕУ за 7-годишниот период. Договорот за партнерство е основата врз која започнува работата на оперативните програми, јавува порталот Медиапул.

-Ја поздравувам денешната одлука на Европската комисија за одобрување финансирање за Бугарија во вредност од 11 милијарди евра. Овие средства се исклучително неопходни за нашата земја да го постигне просечниот европски животен стандард, изјави Асен Василев кој доби мандат да формира нова влада во Бугарија по изгласната недоверба на кабинетот на неговиот сопартиец Кирил Петков, во кој тој беше министер за финасии.

Вицепремиерот за европски фондови и министер за финансии во оставка Василев по повод Договорот за партнерство што денеска го усвои Европската комисија, со кој се дефинира инвестициската стратегија на Бугарија истакна дека за прв пат во договорот 50 отсто од средствата се за проекти во Северна Бугарија.

За споредба, во претходниот програмски период (2014-2020) само 27 отсто од средствата беа инвестирани во северните региони на земјата, потсетува БТА.

 

Треба да знаете
Последни објави