Search

Убедлива победа на Шкупи- голем исчекор кон второто квалификациско коло во ЛШ

Македонскиот фудбалски првак Шкупи е пред пласман во второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите, откако вечерва во Скопје го совлада Линколн со 3:0.

Чаирчани доминираа во текот на целиот натпревар, а третиот гол го постигнаа со фудбалер помалку.

Головите ги постигнаа Данфа, Адетунџи и Чиполина (автогол). Поради втор жолт картон, во 54.минута Шкупи остана без Маргвелашвили.

Реваншот ќе се игра по седум дена на теренот на Линколн. 

Треба да знаете
Последни објави