Search

Најмалку тројца полицајци се повредени од дивеењето на демонстрантите

Најмалку тројца полицајци се повредени од дивеењето на демонстрантите, кои покрај камења вечерва фрлаат и со молотови коктели кон полицијата.

Македонската полиција цврсто ја држи ситуацијата под контрола, но протестот уште трае.

Дел од демонстрантите кои протестираат против францускиот предлог вечерва ја урнаа оградата пред Собранието. Десетици момчиња од кои повеќето со качулки на главите фрлаат кон Парламентот и полицискиот кордон со разни предмет и користат пиротехника и молотов коктел. Пред Собранието се забележува големо полициско присуство.

Треба да знаете
Последни објави