Search

Трас денеска ќе го објави планот за обнова на Украина

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас денеска ќе го објави сеопфатниот долгорочен план за помош во обновување на Украина, кога ќе заврши тамошната војна, најавуваат медиуми.

Трас на конференција за обновување на Украина во Швајцарија, ќе ги претстави британските проекти за краткорочна поддршка на земјата со испраќање хуманитарна помош, но и долгорочна, со цел да закрепне украинската економија преку британското знаење на финансиско и на економско поле, информираше нејзиното Министерство.

Во 2023 година, Велика Британија планира да организира конференција за обнова на Украина и да отвори канцеларија во Лондон за да ја координира оваа работа.

– Закрепнувањето на Украина по руската агресија, ќе биде знак на моќта што демократијата ја има над автократијата. Со тоа ќе му се покаже на Путин дека неговите обиди за уништување на Украина, само доведоа до посилна, поразвиена и пообединета земја, нагласи Трас пред конференцијата во Лугано.

Во средата, британската Влада објави за издвојување на 1,16 милијарди евра дополнителна воена помош за Украина, со цел земјата да одговори на руската инвазија. Помошта вклучува системи за противвоздушна одбрана и беспилотни летала.

Со ова издвојување, вредноста на британската воена помош за Киев се зголеми на 2,3 милијарди фунти.

Треба да знаете
Последни објави