Search

Поради песочната бура во Иран затворени училиштата и владините институции

Училиштата и владините објекти денеска беа затворени во Техеран и во неколку други градови во Иран поради песочната бура.
Државната телевизија објави предупредување за лошиот квалитет на воздухот и ги советува постарите, болните и децата да преземат мерки на претпазливост.
Ова е четврта силна песочна бура од средината на април и вторпат поради неа училишта и институции се затвораат – претходниот пат тие беа затворени во мај.
Техеран е меѓу најзагадените градови во светот.
Експертите вината за зачестеноста и интензитетот на најновите песочни бури ја посочуваат кон лошата владина политика и климатските промени.

 

Треба да знаете
Последни објави