Search

Одбојкарки од Македонија, Бугарија и Лебане не биле пуштени да влезат во Косово

Одбојкарските тимови Јанта волеј од Македонија,  ЦСКА и Марица од Бугарија и Радан од Лебане не биле пуштени да влезат во Косово и да учествуваат на традиоционлен трунир „Видовден“ во Долна Гуштерица, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на информација од официјалниот сјат на општина Грачаница.

Поради ваквата политичка игра, организаторот на осмиот видовденски турнир одлучил да ја организира манифестацијата на две локации, во Долна Гуштерица и во Лебане.

Во Долна Гуштерица ќе играта ЖОК Водовден, Озрен од Сокобања, Соколица од Звечан, а екипите на кои не им било дозволено влегување во Косово, Славија од Софија, Марица од Пловдив, Јанта волеј од Скопје и Радан од Лебане ќе играат во пограничното место во Србија.

 

Треба да знаете
Последни објави