Search

Македонија на СП-2023 ќе стартува против Норвешка

Македонската машка ракометна репрезентација на Светското првенство кое идната година ќе се одржува во Полска и Шведска ќе игра во Ф-групата, во Краков, против содветните селекции на Норвешка, Холандија и Аргентина.

Мундијалот ќе се одржи од 12. до 29.јануари наредната година. На завршницата ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи. По групната фаза, по три селекции од секоја група ќе ги продолжат натпреварите во главната фаза.

Македонија првиот меч во групата Ф ќе го одигра против фаворит Норвешка на 13.јануари, два дена подоцна за противник ја има Холандија, а на 17 јануари ќе игра против Аргентина.

Сите натпревари Македонија ќе ги одигра во терминот од 20.30 часот.

Треба да знаете
Последни објави