Search

Лукаревска: Продолжуваме по најтешкиот пат, но со признат македонски јазик и идентитет

Заменик претседателката на владеачката СДСМ, Сања Лукаревска  се огласи на својот Фејсбук профил каде посочи дека „знаат да кажат НЕ и кажале“. Лукаревска вели дека сега „продолжуваме по најтешкиот пат, но со признат македонски јазик и идентитет“.

„Знаеме да кажеме НЕ и кажавме. Продолжуваме по најтешкиот пат, но сега со признат македонски јазик и идентитет и со широка расправа која ќе ја појасни сликата до последен детаљ како одговор на сите шпекулации. Знам дека луѓето што го водат овој процес се одговорни и дека нема да дозволат решение кое нè разнебитува. Ова се денови за вистински одлуки. Не смееме сопствената иднина да и ја предадеме на неизвесноста и да му ја препуштиме на времето“, пишува Лукаревска.

Треба да знаете
Последни објави