Search

Дојавите за бомби во српските медиуми биле лажни

Српската радио-телевизија во текот на денот беше информирана дека во зградата на РТС е поставена бомба. По контрадиверзантски увид во објектот, утврдено е дека пријавата е лажна.

Полицијата извршила контрадиверзантски увид откако било пријавено дека во зградата на РТС била поставена бомба. При увидот од зградата биле евакуирани вработените.

Извештаи за бомби стигнаа и до Танјуг и Радио-телевизијата на Војводина.

РТВ објави дека полицијата утврдила дека пријавата е лажна и дека вработените се вратиле на своите работни места.

Треба да знаете
Последни објави