Search

Салах би можел да се пресели во Реал за 70 милиони евра

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах ова лето може да ја смени англиската Премиер лигата со шпанската Ла Лига.

Реал Мадрид е заинтересиран за играчот објави „The ​​Sun”. Според британскиот весник, изданието, по трансферот на напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез во Ливерпул, премиерлигашот одлучил дека е подготвен да го продаде Салах и би прифатил понуда од потенцијалните купувачи доколку таа е во регионот од 70 милиони евра.

Салах постигна 31 гол и креира 15 асистенции во 51 настап за Ливерпул во сите натпреварувања минатата сезона.

Договорот на напаѓачот со англискиот клуб е до 30 јуни 2023 година. На 22 јуни, Ливерпул остана без уште еден напаѓач, Садио Мане, кој кариерата ќе ја продолжи во Баерн.

Треба да знаете
Последни објави