Кошаркарите на Реал Мадрид се нови шпански шампиони откако во финалето на плеј-офот беа подобри од големиот ривал Барселона со 3:1 во победи. Последниот триумф кој им ја донесе титулата, прва од 2019 година го остварија со 81:74.
Финалната серија започна со триумф на Реал на гости, по што Барселона славеше на вториот натпревар и израмни на 1:1.
![](http://24infomk.blink.mk/wp-content/uploads/2023/01/d0bad0bed188d0b0d180d0bad0b0d180d181d0bad0be-d0b5d0bb-d0bad0bbd0b0d181d0b8d0bad0be-d180d0b5d0b0d0bb-d0bcd0b0d0b4d180d0b8_63d599a8b1458.gif)
Следните два натпревари се играа во Мадрид и „кралевите“ успеаја да ја одбранат предноста на домашен терен и да дојдат со 36 шампионска титула во историјата.
Реал тргна подобро и поведе со 7:0, но кошаркарите на Барселона успеаја да се созедад и по десет минути игра да имаат негатива од три поени (13:10). Реал втората четвритна ја започна со серија 11:0 за убедливи 24:10. Но, благодарение на одличниот шут за три поени Барселона успеа да се врати во игра и а одмор да замине со само еден поен негатива (44:43).
Третата четвртина помина во израмента игра, а победникот беше одлучен во самиот финиш од средбата, Реал предводен од Тавареш дојде до водство од 73:65 на нешто повеќе од две минути до крајот. Данте Ексум со тројка намали на минус пет, но во следниот напад по офанзивниот скок на Тавареш, Козер погоди под прекршок и ги реши дилемите околу победникот носејќи го Реал на плус девет на 73 секунди до крајот.
Еди Тавареш со 25 поени и 13 скока беше најдобар кај Реал Мадрид каде одличен беше и Фабиен Козер со 17 поени. Кај Барселона најефикасен беше Никола Миротиќ со 14 поени, Данте Ексум даде 13 поени, а Ник Калатес 12 поени.