Search

Сергеј Милинковиќ Савиќ пред трансфер во Арсенал

Српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ Савиќ многу веројатно наскоро ќе го напушти Лацио и   кариерата ќе ја продолжи во англискиот Арсенал.

Иако се поврзуваше со Јувентус, се чини дека нема ништо од тоа и дека Савиќ ќе стане член на Арсенал. Италијанските медиуми наведуваат дека Арсенал е подготвен да плати 50 милиони евра, додека Лацио бара 65.

Преговорите продолжуваат и сите веруваат дека ќе се најде заеднички јазик. И српскиот фудбалер има желба да стане англиски великан и е убеден дека тоа би бил вистинскиот потег за него.

Милинковиќ-Савиќ оваа сезона одигра вкупно 44 натпревари за „небесно-сините“ и постигна 10 гола со 12 асистенции, а пред Италија каде што пристигна во 2015 година играше во Белгија за Генк и во Србија за Војводина каде ја започна својата кариера.

Треба да знаете
Последни објави