Search

Кари незапирлив, Голден Стејт врати „брејк“ и израмни на 2-2

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го совладаа Бостон Селтикс со резултат 107:97 во Масачусетс и изедначија на 2:2 во финалната серија.

Ова беше најнеизвесниот меч од серијата иако на крајот разликата е двоцифрена. Се играше израмнето се до самиот крај, а предноста „Вориорс“ ја направија во последната минута. Ниту една од екипите немаше повеќе од седум поени предност во текот на целиот натпревар, се до последните минути.

Голден Стејт го имаше расположениот Стеф Кари кој одигра неверојатно постигнувајќи 43 поени и 10 скокови. Тој стана 14. играч кој два или повеќе пати во финалето завршил со преку 40 поени (прв пат против Торонто во 2019 година броеше до 47).

Мечот помина со неколку смени на водството, а Селтикс поголем дел од мечот беа во водство па дури и во финишот имаа предност од 94:90, а потоа Голден Стејт на крилата на Кари и Клеј Томпсон направи серија од 10:0 и поведе со
100:94.

Хорфорд возврати со трока на 100:97 меѓутоа Селтикс не успеаа да се консолидираат и да се вратат во мечот.
Во победничкиот тим Томсон постигна 18 поени, а Вигинс имаше поен помалку но дури 16 скокови.

На другата стрна Џејсон Тејтум постигна 23 поени, Џејлен Браун два помалку.
Петтиот меч ќе се игра во вторник наутро (3 часот).

Треба да знаете
Последни објави