Search

Бил Гејтс на црвениот тепих со неговата ќерка Фиби

На милијардерот Бил Гејтс на црвениот тепих за време на церемонијата на „Time 100“ во Њујорк му се придружи и неговата ќерка Фиби, која воодушеви со своето модерно издание.

Таа носеше металик, тесен фустан кој ја истакнува нејзината фигура, а со насмевка позираше пред фотографите.

Инаку, таа не е особено активна на социјалните мрежи, на Инстаграм ја следат нешто повеќе од 100.000 луѓе. Таа е најмладата од трите деца на Гејтс.

Во интервјуто пред неколку години, милијардерот тврдеше дека не планира да го остави своето богатство на децата.

Треба да знаете
Последни објави