Search

(Видео) Велосипедист додека славеше победа ја прегази сопругата

Колумбискиот велосипедист Луис Карлос Чиа, славеше на трката „Вуелта а Колумбија“, но откако мина во целта удри во својата сопруга и за малку ќе ја убиеше.

Влегувајќи во целта, Чиа ја славеше победата со кренати раце во воздух, а велосипедот продолжи да се движи кон фотографите. Таму беше и неговата сопруга Клаудија Ронканцио. Чиа ги избегна фотографите, но не и сопругата.

Клаудија веднаш била пренесена во болница и се здобила со неколку конци на главата.

Треба да знаете
Последни објави