„Парамаунт“ доби тужба поради „Топ Ган: Маверик“

Семејството на авторот чија статија го инспирираше филмот „Топ ган“ од 1986 година, во понеделникот покрена тужба против „Парамаунт пикчрс“ за кршење на авторски права со новото блокбастерско продолжение „Топ Ган: Маверик“.

Според тужбата поднесена до федералниот суд во Лос Анџелес, единицата „Парамаунт глобал“ не успеала повторно да ги стекне правата на написот Top Guns на Ехуд Јонај од 1983 година од семејството пред да го објави „дериватното“ продолжение.

Со тужбата на Шош Јонај и Јувал Јонај – вдовицата и синот на Ехуд – кои живеат во Изреал, се бара неодредена отштета, вклучително и профит од „Топ Ган: Маверик“, и блокирање на дистрибуцијата на филмот или понатамошни продолженија.

Во соопштение како реакција на тужбата „Парамаунт“ наведе: „Овие тврдења се без основа и ние енергично ќе се браниме“.

Top Gun: Maverick е најголемиот хит на киноблагајните оваа година. Овој филм генерираше 291 милион долари во Северна Америка и 548,6 милиони долари на глобално ниво во првите 10 дена од прикажувањето.

Акциониот филм во режија на Џозеф Косински доби силни рецензии, а Том Круз ја репризираше својата улога како тест пилот на американската морнарица, Пит „Маверик“ Мичел.

Треба да знаете
Последни објави