Фудбалерите рутински до триумф против Гибралтар

Македонската фудбалска репрезентација ја запиша првата победа во Лигата на нации откако денеска со 2-0 славеше на гостувањето кај Гибралтар во рамки на 2.коло.

Нашите фудбалери одиграа рутински натпревар и славеа без преголеми проблеми. Селекторот Благоја Милевски ротираше со тимот, а им даде шанса за деби на дефанзивецот Никола Серафимов и голманот Дени Илиев.

Водство на Македонија и донесе Енис Барди во 21.минута по еден прекрасен соло продор во противничкиот шеснаесетник. Вториот гол за нашиот тим беше дело на Бобан Николов во 84.минута, по големиот кикс на дефанзивецот на Гибралтар, Оливеро.

Вториот меч од оваа второ коло во Лига на нации- Бугарија и Грузија играат од 20.45 часот.

Македонија по ремито во Разград сега има четири бодови на табелата во групата 4 во Ц-дицизијата во Лигата на нации.

Во следното коло во четврток во Скопје ја пречекуваме Грузија, а во рамки на 4.коло идната недела играме со Гибралтар повторно на домашен терен.

Треба да знаете
Последни објави