Норвешка подобра и од Шведска, Србија ја победи Словенија, Шпанија спаси бод во Чешка

Кристијано Роналдо се врати во првиот тим на Португалија и постигна два гола во воведната победа во Лигата на нации против Швајцарија (4-0) во Група 2 од Лига А. Домашната репрезентација го одлучи прашањето на победникот уште во првиот дел. Карваљо ја започна голгетерската серија, а потоа на сцена стапи капитенот со два гола. Потоа постигна уште еден, но судијата оправдано го поништи поради офсајд. За крај Жоао Кансело реализира една соло акција и ја запечати судбината на ривалот.

Во истата група Чешка не издржа и во завршницата пропушти триумф над Шпанија на домашен терен (2-2). „Фуријата“ имаше целосна доминација, но си замина дома со само еден бод.

Пасек ја израдува публиката со реализација по четири минути игра. По голем притисок дури во третата минута од продолжението од првиот дел израмни Гави. Најголемата шанса за гостите во остатокот од мечот ја имаше Марко Асенсио кој ја погоди стативата. На спротивната страна Чесите искористија една прилика преку Кучта за да победат. Домашниот фудбалер со лоб удар го надмудри Унаи Симон и одново ја затресе шпанската мрежа. Тука не беше крајот на головите, бидејќи Ињиго Мартинез во 90. минута погоди за конечни 2-2 во Прага.

Норвешка продолжи во победнички ритам и го доби скандинавското дерби на гости кај Шведска (1-2) во Група 4 од Лига Б на Лигата на нации. Човек на одлука беше Ерлинг Халанд кој со два гола обезбеди второ славје за Норвежаните во новата сезона.

Србија се одлепи во второто полувреме и победи против Словенија (4-1). Ова се први бодови за тимот на Драган Стојковиќ, кој на првата средба загуби на домашен терен од Норвешка. Стрелци за Србија беа Митровиќ, Миленковиќ-Савиќ, Јовиќ и Радоњиќ, а за Словенија погоди Стојановиќ.

Треба да знаете
Последни објави