Зверев: Изгледа дека имам скинато неколку лигаменти на десното стапало

Најдобриот германски тенисер, Александер Зверев не беше во можност да го доигра полуфиналето против Рафаел Надал на Ролан Гарос, а причината за тоа е потешката повреда на зголобот која ја заработи пред да се игра тај-брејкот во вториот сет.

Зверев не можеше да продолжи, беше изнесен со количка за да потоа се врати на теренот со патерици да се одјави и збогува со своето учество на Френч Опен. Меѓутоа како што стојат работите паузата која ќе мора да ја направи ќе биде подолга затоа што првите прегледи покажале дека има скинато неколку лигаменти во десното стапало.

-Врз основа на првите лекарски прегледи, изгледа дека имам скинато неколку лигаменти на десното стапало. Во понеделник ќе летам за Германија за да направам дополнителни прегледи и да го одредам најдобриот и најбрзиот начин за опоравување, напиша Саша.

 

Треба да знаете
Последни објави