Велс ја совлада Украина за прв настап на Мундијал по 64 години

Велс денеска на домашен терен во Кардиф ја совлада репрезентацијата на Украина со 1:0 (1:0) во финалето од баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

Така, избраниците на селекторот Роберт Пејџ ги спречија Украинците, кои во полуфиналето од плеј-офот ја победија Шкотска во Глазгов со 3:1, да остварат двојна победа на Островот.

Велс по пауза од 64 години повторно ќе биде дел од Светското првенство, последен пат на големата сцена беше во 1958 година кога стигна до четвртфиналето.

Автоматски се сместени во групата „Б“ на СП 2022 заедно со Англија, САД и Иран.

Натпреварот во Кардиф беше решен во 34 минута со автоголот на Андриј Јармоленко по слободниот удар на Герет Бејл.

Треба да знаете
Последни објави