Шок во Мадрид: Тренерот Ласо имаше срцев удар

Предводникот на Реал Мадрид, Пабло Ласо доживеал срцев удар, информираа од шпанскиот великан.

Ласо имал проблеми со срцето и рано утрово морал да биде префрелн во болница. Тој е во стабилна состојба и ги чека резултатите кои ќе дадат одговор за тоа кога и дали ќе може да им се врати на обврските.

Вчера Ласо без проблеми го водеше Реал при победата над Басконија во полуфиналето на плејофот, без проблеми ја одбработил и прес конференцијата по натпреварот по што се вратил дома. Меѓутоа рано утрово почнал лошо да се чувствува кога се појавиле првите симптоми.

Останува да се види како ова ќе влијае врз „кралевите“ кои во вторник и гостуваат на Басконија. Ласо во минатото пропушташе мечеви поради Ковид, а тогаш го менуваше неговиот асистент Чус Матео.

Ласо има 54 години и го тренира Реал Мадрид од 2011 година, а притоа освои пет титули во Шпанија и две во Евролигата.

Треба да знаете
Последни објави