Кристијансанд го совлада фаворитот Ѓер и ја одбрани титулата во ЛШ

Ракометарките на Виперс Кристијансанд ја одбранија европската титула во женската ракометна Лига на шампионките откако попладнево во големото финале го победија унгарски Ѓер во битката за трофејот со 33-31.

Кристијансанд лани ја освои својата прва европска титула, а денеска успеа да ја одбрани и тоа со фантастичната серија од 6-0 во првиот дел кога предноста од максимални плус три на Унгарките (10-7) ја претворија во плус три за нив (13-10) и потоа предноста не ја испуштија до крајот.

Само еднаш Ѓер комплетно успеа да се врати во мечот во воведот од вториот дел кога израмни на 16-16, но брзо Кристијансанд дојде до два-три гола разлика и таа дистанца од најмалку два гола постојано ја одржуваше, во финишот дојдоа и до најголемите плус четири (33-29) и јасно беше сѐ на мечот, кој на крај заврши само со два разлика.

Јарабкова даде шест гола, Гулден и Кнедликова по пет за старо-новите шампионки, додека Хансен со шест беше најефикасна кај Ѓер.

За Вајперс ова е втора титула во елитното натпреварување, откако минатата сезона стигна до првиот трофеј во ЛШ. Ѓер останува на третото место на вечната листа со пет трофеја, а пред унгарскиот тим се само австрискиот Хипо и украинскиот Динамо Киев.

Треба да знаете
Последни објави