Квартараро победник на Големата награда на Каталуња

Фабио Квартараро победи на трката во Барселона за Големата награда на Каталонија, но неговиот триумф ќе остане во сенка на неверојатната грешка на Алеш Еспаргаро.

Французинот на својата Јамаха беше убедлив, уште од стартот беше практично јасно дека ќе дојде до триумф, бидејќи Франческо Бањаја испадна од конкуренција. Такаки Накагами го исфрли Италијанецот уште на стартот откако излета со мотоциклот, па Квартараро имаше чиста патека и беше речиси без конкуренција.

Второто место во Шпанија му припадна на Хорхе Мартин, додека на подиумот имаше и место за Жоан Зарко. Неверојатна глупост направи Алеш Еспаргаро кој на круг пред крајот почна да го слави својот подиум и забави на стартно целната рамнина, а тоа го искористија конкурентите и му го одзедоа второто место. Шпанецот мораше да се задоволи со петото место.

Од сутиацијата профитираше и Жоан Мир на четвртото место, а во топ десет завршија уште Марини, Вињалес, Биндер, Оливеира и Алекс Маркез.

Ваквата грешка на Еспаргаро како и денешната победа на Квартараро кој е лидер во Генаралниот поредок сега му носи 22 бодови повеќе во однос на второ рангираниот Еспаргаро.

Следната трка во Мото ГП шампионатот е на 19 јуни а ќе се вози за Големата награда на Германија.

Треба да знаете
Последни објави