РФМ ја исплати наградата од 50.000 евра на рaкометарите за пласман на СП 2022

Ракометната федерација на Македонија во текот на вчерашниот ден ја исплати наградата од 50.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска, објавено е на официјалниот сајт на федерацијата.

Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на „IHF World Championship 2023 во Полска и Шведска” совладувајќи ги репрезентациите на Романија и Чешка во бараж квалификациските натпревари.

Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи осмо учество на ракометен Мундијал кој ќе се одржи во Полска и Шведска во јануари 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави