Зверев во солзи го предаде мечот на Надал по страшната повреда на скочниот зглоб

Александер Зверев доживеа мнигу непријатен момент во финишот на вториот сет против Рафаел Надал и мораше да му го предаде полуфиналниот дуел на Ролан Гарос, откако го повреди скочниот зглоб.

Двата тенисери одиграа скоро два сета кои беа доста исцрпувачки затоа што траеја два часа. Зверев го предаде натпреварот при негатива од 0-1 во сетови (6-7, 6-6). Германецот ја свитка ногата непосредно пред тај-брејкот, но не можеше да продолжи.

Првиот сет Надал го доби по голема борба. Иако противникот имаше брејк на стартот и водеше со два гема (0-2), Надал возврати и изедначи на 4-4. При резултат 5-4, Шпанецот пропушти три сет-топки, па дуелот замина во тај-брејк. Надал се најде во крајно незавидна ситуација затоа што губеше со 2-6. Но, најде неверојатна ментална сила и на крајот го доби тај-брејкот со 10-8.

Во вториот сет и двајцата тенисери доста грешеа. Беа дефокусирани и никако не можеа да освојат свој сервис. Во воведните девет гема, паднаа неверојатни осум брејка! Евидентен беше заморот, а при еден момент Зверев ја свитка ногата и не можеше да го продолжи натпреварот.

При обид да врати едно топче при резултат од 6:5 за него Зверев се лизна и се повреди.

Зверев гласно плачеше од болка, веднаш притрчаа медицинките лица, до него се приближи и Рафаел Надал, по што Зверев во колична беше испратен со аплаузи кон соблекувалната.
Надал и публиката на Ролан Гарос го чекаа исходот, дали Зверев ќе успее да се врати и да го доигра првото полуфинале, но популарниот Алекс се врати, но со штаки за да го предаде мечот.

Надал ќе игра за 14-та титула на Ролан Гарос, против подбедникот од второто полуфинале меѓу Каспер Руд и Марин Чилиќ.

До прекинот полуфиналето меѓу Надал и Зверев беше спектакуларно и во двата сета што беа дотогаш одиграни мечот траеше 3 часа и 7 минути.

Треба да знаете
Последни објави