Девојка се заврза за мрежата и го прекина мечот меѓу Руд и Чилиќ

Второто полуфинале во машка конкуренција во Ролан Гарос меѓу Каспер Руд и Марин Чилиќ го одбележа сериозен пропуст на обезбедувањето, откако една девојка влета на теренот и успеа експресно да се заврзе за мрежата, по што дојде до прекин на мечот.

Двајцата тенисери останаа во шок од она што се случи за само неколку секунди во третиот сет од дуелот, поради бавната реакција на обезбедувањето.

Таа носи маица на која пишува „Ни остануваат уште 1028 дена!“
Сè уште не знаеме што ќе се случи на 27 март 2025 година, но натпреварот продолжи по десет минути пауза.

Треба да знаете
Последни објави