Ашковски: Не сме задоволни со еден бод

Македонската фудбалска репрезентација на стартот од новото издание во Лигата на нации во 4 група од Ц сегментот ремизираше како гостин во Разград против соодветната селекција на Бугарија (1:1). Според прикажаното и статистичките подотоци „црвено-жолтите“ се тие кои треба да жалат што не го освоија целиот пелн. Избраниците на селекторот Благоја Милевски го диктираа темпото, имаа повеќе упатени удари кон голот, но само еднаш ја затресоа мрежата на домаќинот кој од два удари постигна еден гол доволен да не загуби.

-Не сме задоволни со овој бод. Мислам дека заслуживме повеќе според покажаната ига. Сепак, ова е прв меч, и на следните дуели сигурен сум дека ќе биде многу подобро. Вториот дел го отворивме многу добро, постигнавме израмнувачки гол, штета што само не ги искористивме тие неколку шанси за да постигнеме и втор. Што се однесува до позицијата десен бек, она што го играв вчера, реално не ми е непознаница, затоа што го играв тоа против Ерменија на гости, а и во клубот по потреба знам да одговорам на барањата на тренерот – вели репрезентативецот Стефан Ашковски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави