Стефанов повторно провоцира: Македонија е југозападна Бугарија, судијата не ни дозволи да победиме

Провокациите испратени од претседателот на Славија Софија, Венцислав Стефанов, пред и по фудбалскиот натпревар од 1. коло во четвртата група во Ц сегемнтот од Лигата на нации меѓу Бугарија и Македонија (1:1) не запираат. Контроверзниот прв човек на софискиот фудбалски прволигаш Стефанов одново ја разбранува македонската јавноста со ставови карактеристични за заслепени луѓе.

Пред натпреварот ја потцени Македонија и кажа „која е таа Македонија да се плашиме од неа, ако се плашиме не треба да играме фудбал“, а сега откако се спасија да не загубат, што го признаваат и самите буграски репрезнетативци зборува како да гледал друг натпреавр и воопшто да не познава фудбалски правила.

Според него судијата Џереми Пињар им ја украл победата !?

-Македонија на моменти беше повеќе офанзивна, поорганизирана, но ако ни беа досудени двата прекршока при голот на противникот, резултатот ќе беше во полза на Бугарија. Судијата дефинитивно им помогна, пеналот за мене беше чист како солза. Шутот одеше кон голот и такви имагинани работи за мене како прилепена рака, глупости тоа се глупости и се понатака беше измислено само за да не победиме. Генерално, мојата оценка за нашата игра е позитивна -рече Стефанов кој потоа продолжил со низок удар:

-Моето потекло е од Битола, но не сум Македонец, јас сум Бугарин! Нека знаат оние кои се прават големи патриоти, Македонија е Југозападна Бугарија. Пред неколку години отидов да се видам со моето семејство во Битола, ме запреа и проверија дали сум шпион. Можете ли да замислите за какво лудило зборуваме, истакнал  Стефанов за „Спортал.бг“.

Треба да знаете
Последни објави