Search

Лекари во Прилеп се тепале за стрес-тест апарат

Тепачка, турканици, навреди, вербални расправии како и интервенција на полицијата денеска во одделот за спортска медицина во Прилеп, кога раководството на болницата, по претходна одлука на стручен колегиум, се обидело да го земи апаратот за стрес тест и од спортска медицина да го премести во интерното одделение, за да освен спортистите го користат и другите граѓани кои имаат кардиолошки проблеми, објави Инфо компас.

Лекарот Гоце Јонзоски, кој работи со овој апарат обвинува за насилно одземање на истиот и за физичко насилство врз него од страна на вработени во болницата, а како што вели по наредба на директорката Кети Смилеска.

Јонзоски вели дека срамота било овој апарат да се зема од тука, бидејќи со тоа ќе се уништела службата.

Наместо ова предлага да се поправел стариот стрес тест апарат во болницата, кој бил расипан скоро 10 години или да се купел нов кој чинел околу 15.000 евра.

 

Извор: Инфокомпас

Треба да знаете
Последни објави