Гатузо заврши работа со Валенсија

Поранешниот тренер на италијанските фудбалски калчолигаши Милан, Наполи и Фиорентина, Џенаро Гатузо, потпиша двегодишен договор со шпанската Валенсија.

Како предводник на шпанскиот прволигаш, Гатузо треба да има годишна плата од три милиони евра плус бонуси во зависност од постигнатите резултати.

Гатузо од 2017 година мина по две сезони на клупите на Милан и Наполи, по што ја презеде екипата на Фиорентина, но замина по само две недели поради несогласување со клупското раководство околу стратегијата за трансфери.

Треба да знаете
Последни објави