Легендарниот алжирски фудбалер Маџер се соочува со затвор поради финансиски измами

Стрелецот на еден од најубавите голови во историјата на Купот/Лигата на шампиони, Алжирецот Рабах Маџер (63) се соочува со затворска кана од 18 месеци поради коруптивни активности.

Поранешниот напаѓач на алжирската фудбалска репрезентација, на Порто и Валенсија, се товари за финансиски измами поврзани со пропаднатите дневни весници во негова сопственост Ал Балах и Ал Балах Ериади.

Обвинителството побара Маџер да биде осуден на казна затвор во траење од една и пол година.

Пресудата ќе биде донесена на 9 јуни.

Маџер е еден од најпознатите алжирски фудбалери на сите времиња, а врвот на својата кариера го достигна во 1987 година кога во финалето од Купот на европски шампиони против Баерн Минхен со пета го постигна победоносниот гол и му донесе на Порто европска титула.

Треба да знаете
Последни објави