Ландриус Хортон од ТФТ е МВП на сезоната

Американецот Ландриус Хортон од ТФТ е МВП на сезоната во кошаркарското првенство на Македонија, сезоната ја заврши со просек од 17,7 поени, 6,6 скока и 1,8 асистенции.

Ландриус Хортон беше еден од најдобрите поединци, па Американецот според порталот КОШ е најкорисен играч, односно МВП на сезоната.

Тој во просек забележа 17,7 поени, 6,6 скока и 1,8 асистенции со индекс 20,2. Со добрите партии тој го привлече интересот на многу клубови па ТФТ ќе има тешка задача да го задржи во своите редови.

Треба да знаете
Последни објави