Шварц нов тренер на Херта

Сандро Шварц ја презеде тренерската функција на Херта, соопшти прес-службата на берлинскиот клуб.

Договорот со 43-годишниот германски стручњак е со важност до крајот на јуни 2024 година.

Официјалното претставување на тренерот ќе се одржи на 20 јуни.

Шварц претходно беше тренер на Динамо Москва.

Претходен тренер на Херта беше Феликс Магат. Под негово водство клубот сезоната 2021/22 ја заврши на 16. место во Бундеслигата, а прволигашкиот статус го зачува победувајќи го Хамбург во плејофот со вкупен резултат 2:1.

Треба да знаете
Последни објави