Search

Турска компанија донираше борбен дрон на Литванија за да го испрати во Украина

Турција ќе го донира борбениот дрон Бајрактар TB2 на Литванија, кој ќе и биде предаден на Украина, соопшти литванското Министерство за одбрана, истакнувајќи дека стотици Литванци собрале речиси шест милиони евра за да го купат дронот.

Производителот за неколку недели ќе го испорача напредното борбено беспилотно летало ТБ2, обоено во боите на литванското и украинското знаме, се вели во соопштението на литванското Министерство за одбрана.

– Дојдовме во Турција да ги договориме условите за купување на дронот – соопшти Министерството за одбрана на Литванија.

Од компанијата Бајкар изјавија дека Литванците собрале средства за набавка на дрон што ќе биде испратен во Украина.

– По оваа информација, Бајкар бесплатно ќе го донира Бајрактар ​​ТБ2 на Литванија и ќе побара овие средства да одат во Украина за хуманитарна помош – соопшти турската компанија, пренесе Аваз.ба.

Треба да знаете
Последни објави