Стадионот во Разград ќе биде исполнет до последното место

Стадионот на екипата на Лудогорец во Разград каде денеска (18 ч.) Бугарија и Македонија ќе го одиграат првиот официјален фудб алски натпревар во рамките од групата 4 во сегментот Ц од Лигата на нации ќе биде исполнет до последното место. Капацитетот на стадионот е да прими 10.000 гледачи. Влезниците кои се пуштени во продажба се распродадени.

Меѓу овие 10.000 очевидци ќе има и група од околу 700 македонски навивачи кои ќе бидат сместени во посебен блок и нема да имаат контакт до домаќините.

Бугарската фудбалска репрезентација надвор од Софија одиграла 36 натпреаври и има забележано 17 победи.

Треба да знаете
Последни објави