Search

Георгиев: Ако Али Ахмети одлучи да има избори, ќе има избори!

Поранешниот пратеник и потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека доколку лидерот на ДУИ, Али Ахмети, одлучи да има избори, ќе има избори.

Георгиев го нарече лидерот на ДУИ „мудрец во политиката“.

„Ако Али Ахмети одлучи дека треба да има избори, ќе има избори и тоа е толку едноставно“, рече Георгиев.

Тој додаде дека смета оти избори не треба да има, затоа што Владата треба да ја расчисти „маглата“ околу почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија.

„Оваа магла околу почетокот на преговори на Македонија со Европската Унија треба да се расчисти и мислам дека треба да расчисти оваа Влада за да можеме со следната Влада да почнеме на чист терен“, вели Георгиев.

Според него, „мантрата за ЕУ предолго се поставува како алиби за сите политички елити за нечинење“.

Треба да знаете
Последни објави