Search

Слободни 8 729 работни места во првиот квартал

Во првиот квартал годинава стапката на слободни работни места изнесува 1.75  проценти. Од вкупно 8 729 слободни работни места, најголем број 2 712, се во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба, објави денеска Државниот завод за статистика.

Слободни биле и 1 462 работни места од групата Техничари и сродни занимања, по што следат 1 379 од групата Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 919 Службеници,  698 – Стручњаци и научници, 686 – Елементарни занимања, 622 – Занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 214 – Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот,  како и 37 од групата Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2022 година, највисока стапка на слободни работни места од 4.18  проценти има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.25  проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.45  проценти

Со највисока стапка на слободни работни места од 2,25 проценти е Вардарскиот регион.

Треба да знаете
Последни објави