Search

Претседателот на Славија: Која е бре таа Македонија, вчера стана држава, ако стравуваме од нив воопшто да не играме фудбал (ВИДЕО)

Утре Македонија гостува на Бугарија во Разград, дел од Бугарите се оптимисти пред натпреварот иако игрите на нивната репрезентација не ветуваат многу.

Последните години Македонија е поквалитетна селекција од Бугарија, тоа го покажуваат резултатите, па според многумина ние сме фаворити во утрешната пресметка во Разград која почнува од 18 часот.

Овој дуел е интересен и поради затегнатите односи меѓу двете држави, па има посебно значење за двете нации.

Првиот човек на Славија Софија, Венцислав Стефанов, имаше прилично навредлива и потценувачка изјава за Македонија.

„Која е бре таа С. Македонија!? Па таа вчера стана држава, зошто тогаш ние би стравувале. Па ако стравуваме од репрезентации како Македонија, Грузија и Гибралтар тогаш воопшто и да не играме фудбал. Да си играме некои детски игри“, изјави Стефанов за „Новини247“.

Треба да знаете
Последни објави