Search

Од денес поскапува лебот, шеќерот, брашното, јајцата, млекото….

На полноќ заврши важноста на дел од владиниот сет од 26-те антикризни мерки кои беа донесени со цел спречување на ценовни шокови за граѓаните, а Владата на денеска одржаната седница не ги продолжи мерките. Со тоа се отвора простор за вртоглав раст на цените на прехрамбените производи, но и на нафтените деривати.

Меѓу мерките што завршуваат е намалениот ДДВ за основните прехранбени продукти од 5 на 0 отсто, кои стапија во сила на 17 март годинава за: лебот; шеќерот; брашното тип 400; сончогледовото масло за јадење; трајното млеко; свежото месо; оризот и јајцата.

Исто така, завршува и мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергентите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан.

Од денес литар масло за јадење Брилијант ќе се продава по цена повисока за пет проценти, или ќе чини околу 155 денари, изјави за 24 ТВ Сашо Наумоски-генерален директор на Витаминка.

Според Заводот за статистика и покрај мерките во април производите поскапеле за над 11 отсто, а инфлацијата стана двоцифрена и достигна 10,5 отсто. Некој од медиумите веќе излегоа со пресметки за колку денари ќе поскапат некои од основните прехранбени производи и оти се очекува лебот да поскапи за 2 денари, млекото за најмалку 3 денари, додека табла јајца и килограм ориз би добиле повисока цена за 5 денари.

Од денес и горивата добија рекордни цени и за прв пат да ја надминат 100ката бидејќи ДДВ-то од 10 се враќа на 18%, а се враќа на сила и акцизата која споре владините мерки во зависност од светските берзи се намалувше за 1 до 3 денари.

Од ВМРО-ДПМНЕ, вчера информираа дека нивната пратеничка група ќе поднесе предлог-закон со кој прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на годината, односно до 31 декември 2022 година.

Дополнително, ќе бараат и ДДВ за течните горива да биде пет отсто до крајот на оваа година.

Треба да знаете
Последни објави