Search

Загинаа сопружници во судир на „југо“ и „астра“ во Штип

Загина брачен пар од Штип во тешка сообраќајка што се случи синоќа кај штипската населба Македонка.

-На 31.05.2022 околу 23.20  часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо”, управувано од Г.П.(68) од Штип и патничко возило „опел астра”, управувано од Д.Ш.(19) од Штип.

На местото на несреќата, од здобиените повреди починале возачот на возилото „југо” и неговата сопатничка Ј.П.(62) од Штип, додека возачот на возилото „опел астра” се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Ова не е прва несреќа на овој потег на улицата „Брегалничка” која води до приградските населби и индустриската зона Македонка, но е и излез и влез на Штип кон Кочани.

Треба да знаете
Последни објави