Search

Двајца скопски моторџии тешко повредени во сообраќајки во Ченто и Кисела Вода

На 31.05.2022 во 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улиците „Благоја Стефковски” и „Методија Андонов – Ченто” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан микра”, управувано од С.В.(25) од Скопје и мотоцикл, управуван од Б.Ѓ.(29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ѓ., констатирани во Градска општа болница „8 Септември”. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 31.05.2022 околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улиците „Борис Трајковски” и „1519″, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Б.(61) од Скопје, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември”. Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави