Search

Гранатирани позиции на азербејџанската армија распоредени на границата со Ерменија

Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека биле гранатирани позиции на вооружените сили на земјата распоредени на границата со Ерменија.

Во соопштението се прецизира дека „од вечерта на 31 мај до ноќта на 1 јуни единици на ерменските оружени сили ги гаѓале позициите на азербејџанската армија во правец на населбите Агдам Товуз и Зејлик во областа Келбаџар”.

Министерството за одбрана додаде дека азербејџанската страна презела соодветни мерки за одговор.

На крајот на септември 2020 година беа интензивирани воените дејствија во Нагорно-Карабах, како продолжение на долготрајниот конфликт, што доведе до цивилни жртви.

Завојуваните страни неколку пати се обидоа да склучат примирје, но успех беше постигнат дури со тристраниот договор постигнат заедно со Русија ноќта на 10 ноември.

Со посредство на Москва, Азербејџан и Ерменија договорија целосен прекин на огнот, како и размена на заробеници и тела на загинатите.

Ереван, исто така, му ги предаде на Баку областите Келбаџар и Лачин, како и дел од регионот Агдам, кои од 1994 година беа под контрола на непризнатиот Нагорно Карабах.

Руски мировни сили се распоредени во регионот.

Треба да знаете
Последни објави