Гонзо: Спортот треба да не зближува, а не да создава политички проблеми

Поранешниот голгетер на репрезентацијата на Бугарија и на тимот на Левски, сега еден од раководните луѓе во Бугарскиот фудбалски сојуз (БФС), Ѓорѓи Иванов – Гонзо е оптимист во пресрет на утрешниот дуел на неговата селекција против Македонија во Разград (18 ч.) во рамките од првото коло во групата четири од Ц сегментот во фудбалската Лига на нации.

– Влогот на натпреварот со Северна Македонија е голем, имајќи предвид дека сакаме да напредуваме во ова натпреаврување. Спортот не треба да создава политички проблеми меѓу Бугарија и С. Македонија, бидејќи на крајот спортот секогаш треба да не зближува да носи мир и задоволство кај луѓето. Мислам дека организацијата што ја создадовме заедно со домаќините од Разград ќе придонесе средбата да помине без проблеми. Влегувааме со амбиции за победа. Имаме подмладен тим составен од квалитетни играчи, изјави Иванов за БНТ.

 

Треба да знаете
Последни објави